Може ли некој да го застане: Ѓоковиќ има застрашувачка статистика во Мелбурн

Новак

Новак Ѓоковиќ го надигра Јошихито Нишиока и се пласира во четвртото коло на Австралија опен.

Србинот има седум од вкупно 16 Грен слем титули во Мелбурн, а неговата статистика изгледа застрашувачка за ривалите. Вториот светски рекет врза 16 победи во низа на австралиско тло, каде и оваа година е фаворит за шампионскиот трофеј.

По 50-ти пат ќе игра во нокаут фазата на големите турнири и ќе заостанува само зад Роџер Федерер (66).

Ѓоковиќ се радувал на титулата во Австралија седум пати (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019), а има вкупен скор од 68 победи и само осум порази, поточно успешност од 89%, највисок за него на Грен слем турнирите.

Пречка пред четвртфиналната фаза за 32-годишникот ќе биде Диего Шварцман од Аргентина.