• Саше Љолес
Овогодинешното издание на УС Опен ќе биде уште попредизвикувачко за сите учесници, а тоа се должи на фактот што организаторите решија дополнително да го зголемат наградниот фонд.
Годинава севкупниот награден фонд ќе изнесува огромни 90 милиони долари, што претставува зголемување за 20 проценти во однос на минатото издание. Победниците во машка и женска сингл-конкуренција ќе добијат по пет милиони, а поразените во финалните натпревари ќе инкасираат двојно помалку.
УС Опен годинава ќе трае до седми септември. Бранител на трофејот во машка конкуренција е Италијанецот Јаник Синер, додека кај дамите тронот ќе го штити Белорусинката Арина Сабаленка.



