• Саше Љолес
Славниот Рафаел Надал го започна настапот на последниот турнир во неговата богата кариера и ќе замине во пензија веднаш по завршните мечеви во овогодинешниот Дејвис Куп.
Шпанскиот тениски ас во моментов игра против Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшлуп, а пред почетокот на мечот не можеше да ги задржи емоциите и се расплака при интонирањето на шпанската химна.
Публиката го поздрави легендарниот тенисер со овации и му изрази огромна поддршка, со желби за успешен настап на неговата репрезентација и триумф во Дејвис Купот. Рафаел Надал важи за еден од најдобрите на сите времиња, а во својата кариера освои вкупно 22 Грен-Слем трофеи.