Монфилс: Имаме десетина претенденти за трофејот во Мелбурн, но најголеми фаворити се...

Искусниот француски тенисер, Гаел Монфилс, го изнесе своето мислење околу тоа кои негови колеги ќе бидат главни фаворити за титулата на првиот годишен Грен-Слем, Австралија опен. 

Монфилс смета дека светскиот тенис како никогаш порано има жестока конкуренција и вели дека сите од ТОП-10 на АТП листата се претенденти за трофејот, но истакна двајца играчи за кои смета дека малку отскокнуваат од останатите. 

„Во моментов имаме двајца тенисери кои малку се понапред од другите, а тоа се секако Синер и Алкараз. И Зверев е во одлична форма, но и сите останати во ТОП-10. Мислам дека како никогаш порано имаме жестока и искрена конкуренција. 

Ќе биде многу занимливо, особено од осминафиналето натаму. Ѓоковиќ сака да го подобри својот рекорд, но нема да му биде лесно. Мислам дека ќе бидеме сведоци на прекрасен турнир, но за мене први фаворити се Јаник и Карлос“, изјави Монфилс. 

Австралија опен ќе започне на 6 јануари следната година и ќе трае скоро три седмици, а финалниот меч во машка конкуренција е закажан за 26 јануари.