„Многу веројатно Федерер нема повеќе да го видиме на Австралија Опен“

Тод Вудбриџ, еден од најдобрите тенисери во двојки на сите времиња, смета дека многу веројатно Роџер Федерер нема повеќе да ги видеме на турнирите во Австралија.

Познато е дека освојувачот на 20 Грен слем трофеи го откажа учеството на првиот голем настан во новата година, затоа што смета дека сè уште не заздравил доволно од операцијата на коленото. 

„Фактот дека Роџер нема да биде во Мелбурн е големо разочарување за сите. Многу веројатно нема повеќе да не го видиме во Австралија, што би било голема загуба. Тоа е очекувано, сите сакаме тој да оди по она што го сака, а не затоа што мора“, рече Вудбриџ.

Турнирот во Мелбурн Парк беше одложен и сега на програмата ќе биде од 8 до 21 февруари, но ниту тоа не му помогна на Швајцарецот, кој најверојатно на терените би им се вратил кон средината на март.