„Младите имаат голем проблем што Федерер го гледаат како идол...“

Федерер

Жил Симон верува дека младите тенисери од неговата Франција имаат проблем што постојано го идолизираат Роџер Федерер. Според него тоа е пречка во нивниот развој, особено на психолошки план.

Играта на Швајцарецот речиси е невозможно да се копира, па затоа 36-годишникот ги советува талентираните играчи да не се обидуваат да бидат како шампионот од Базел.

„Федерер зазема многу простор во Франција. Не сакам да ме сфатите погрешно, тој е фантастичен за гледање, но мислам дека тој е еден од нашите проблеми. Ќе помогнеше доколку Роџер не го држеше рекордот за Грен слем титули. Тоа би им помогнало на децата, бидејќи во тој случај тие би рекле - добро, Роџер е одличен, но мислам дека нема да победам ако играм исто како него. Ќе победам на поинаков начин“, вели Французинот.

Симон ги насочува оние кои бараат совет од него повеќе да гледаат што прави Новак Ѓоковиќ и на кој начин тој се обидува да стане еден од најдобрите во историјата.