Младиот Андреј Темов триумфираше на тенискиот турнир „Битола Опен“

Младиот македонски тенисер Андреј Темов триумфираше на турнирот „Битола Опен“ за тенисери до 14 години. Турнирот беше од категорија 3, а Темов во финалето го победи Ленарт Кадриу од Швајцарија со 2-0 во сетови (6-4 и 7-6/4). 

Патот до финалето за Темов беше потежок отколку самиот финален меч. Во полуфиналето во три сета со 2-1 во сетови го победи Димитрис Николау од Грција, а во четвртфиналето беше поуспешен од Ставрис Ладерос од Белгија со 2-1 во сетови. 

Во првите две кола Темов беше убедлив со двете победи против Топрак Албајрак од Турција со 2-0 во сетови без загубен гем, додека во второто коло го победи Виктор Дамјанов од Германија, со 2-0 во сетови со само еден загубен гем.

Во конкуренција на двојки, Темов настапи со Василиј Закоски и беа елиминирани во полуфиналето од победниците во двојки Сами Дамани од Франција и Леви Де Вахтер од Белгија.

Темов оваа недела настапува на турнирот во Скопје на МТП опен, каде е рангиран како прв носител, а покрај него настапуваат и уште неколку млади македонски тенисери и тенисерки.