Мисијата за злато уште трае: Супер-Ноле го среди и Циципас!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да слави над Стефанос Циципас и ги комплетира полуфиналите парови на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои се одржуваат во Париз.

Најдобриот светски тенисер беше подобар од Гркот со 2-0 во сетови, со резултат 6-3, 7-6. Првиот сет Ѓоковиќ го доби поради еден брејк, додека во вториот, иако се пожали на болки во оперираното колено и мораше да добие помош од лекарите, по негатива од 0-4 дојде до тај-брејк.

Во поените, Ѓоковиќ тргна со 0-2, но освои четири поени во низа и замина на 4-2 и така откако го реши мечот во своја корист во полуфиналето ќе игра со италијанскиот колега Лоренцо Мусети кој го има статусот на 11 носител.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз од Шпанија и Феликс Ожие-Алијасим од Канада.