• Саше Љолес
Русинката Мира Андреева се пласира во големото финале на Ролан Гарос, откако ја елиминираше Украинката Марта Костјук со 2-0, по сетови 6-1 и 6-3.
Андреева ја заврши работата за само 77 минути, со што ги сочува силите и за мечот за трофејот, каде ќе се соочи со подобрата од дуелот помеѓу Дијана Шнајдер и Маја Хвалинска.
На денешниот меч, Костјук немаше одговор за одличната игра на Андреева, која успеа петпати да ѝ го одземе сервисот на противничката.
За Русинката ова ќе биде прв финален меч на најпрестижните тениски турнири.




