Миленичката на британската публика се повлече пред стартот на Вимблдон

Ема Радукану нема да настапи на годинашниот Вимблдон, откако непосредно пред стартот на турнирот беше принудена да се повлече поради стрес фрактура на потколеницата на десната нога.

Британската тенисерка до последен момент се надеваше дека ќе биде подготвена за настап пред домашната публика, но дополнителните лекарски прегледи покажале дека повредата е посериозна од очекуваното.

„Направив апсолутно сè за да бидам подготвена за почетокот на турнирот, но последниот преглед покажа дека проблемот што се обидував да го контролирам прерасна во стрес фрактура. Лекарите ми советуваа да престанам да ја форсирам повредата“, соопшти Радукану.

Шампионката на УС Опен од 2021 година повторно се соочува со проблеми со повреди, кои во последните сезони значително го забавија нејзиниот напредок. На Вимблдон требаше да биде 30. носителка, а во првото коло ја очекуваше дуел против Антонија Ружиќ од Хрватска.