Мицов со триумф над Де Габриеле ја потврди победата на Македонија против Малта

Репрезентацијата на Македонија стигна и до вториот поен на Дејвис Купот кој се одржува во Скопје. Стефан Мицов успеа да го надигра Алекс Де Габриеле со 2-1 во сетови (4-6, 6-0 и 7-6/3), носејќи втор триумф за нашата земја, откако претходно победа славеше и Берк Бугариќ. 

Мицов ја заврши работата за два часа и триесет минути, но добро се испоти за победата, затоа што беше во негатива по првиот сет. 

Во решавачкиот сет Де Габриеле успеа да направи брејк и поведе со 2-1, но потоа Мицов влезе во добар ритам и се избори за „тај-брејк“, кој го доби со конечни 7-3 во поени. 

Македонија ја совлада селекцијата на Малта со 2-0, а останува уште дуелот во двојки, каде Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ ќе се соочат со Страхиња Ѓукиќ и Лиам Деликата. 

ФОТО: Игор Паневски/Mftennis.mk