Мекинро: Не сум доктор, ама постои теорија дека Надал се допингува

Поранешниот победник во двојки на Ролан Гарос и сегашен тениски тренер, Патрик Мекинро, ги коментираше критиките кои ги добива Рафаел Надал, кој неодамна во Париз ја освои 22-та Грен слем титула.

Критичарите повторуваат дека 36-годишниот Надал не можел да стигне до 14. трофеј во Париз без употреба на недозволени средства, а полемиките на оваа тема се секојдневни и сè погласни.

„Надал продолжува да победува. Не знам како се снаоѓа. Тој потврди дека добивал лекови против болки. Јас не сум доктор, не знам точно што е тоа. Постои теорија на заговор дека се допингува.

Слушајте, тој е тестиран на секој турнир. Што и да примал во стапалото, мислам дека е само лек против болки. Повторувам, јас не сум доктор, не знам точно што е тоа, но ако нешто беше нелегално, Рафа ќе беше уловен“, рече Мекинро.

Шпанецот призна дека примал инјекции во повреденото стапало, а неколку дена по завршувањето на Ролан Гарос со патерици пристигна во Мајорка.