Мекинро до американските власти: Најдете решение, Ѓоковиќ мора да игра на УС Опен

Новак Ѓоковиќ сè уште не може да влезе во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран и најверојатно нема да настапи на последниот Грен слем оваа сезона, УС Опен.

Легендарниот тенисер Џон Мекинро апелираше до американските власти да му дозволат на Новак Ѓоковиќ да настапи на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави.

„Мораме тоа да го средиме. Ѓоковиќ мора да игра на УС Опен. Некој да најде решение, бидејќи навистина ни е потребен овој неверојатен шампион овде“, изјави Мекинро.

Српскиот тенисер неодамна по седми пат во кариерата го освои Вимблдон.