Меѓусебен дуел на Гоф и Жабер на Грен слемот во Париз

Американката Коко Гоф обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако славеше над Италијанката Елизабета Кочјарето со убедливи 2-0, по сетови 6-1 и 6-2. 

Третата светска тенисерка немаше никакви проблеми и комплетно ја оправда фаворитската улога, со што си го осигура учеството меѓу осумте најдобри. На Гоф ѝ беше потребен само еден час активна игра, а воедно успеа и да ги сочува силите за четвртфиналето. 

Во следната фаза Американката ќе игра против Онс Жабер од Тунис, која со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) успеа да слави над Клара Таусон од Данска.