Меџедовиќ одигра турнир на кариерата, но Умбер го одбрани Марсеј

Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ не успеа да дојде до титула на АТП-турнирот кој се одигра во Марсеј, Франција, затоа што загуби во финалниот дуел.

Меџедовиќ, кој го одигра турнирот на кариерата и беше на прагот на прва титула, во финалето доживеа пораз од домашниот тенисер Уго Умбер кој беше подобар со 0-2 во сетови (6-7 ,4-6). 

Првиот сет го реши тај-брејкот, а иако Меџедовиќ се држеше во вториот и спаси дури три брејк-топки, сепак, концентрацијата во десеттиот гем кој воедно беше и клучен дозволи брејк за победа на Французинот.

Умбер ја одбрани титулата во Марсеј, а воедно дојде до седмиот АТП-трофеј во кариерата.