Медведев: Зошто кршам и фрлам рекети? Па, го гледав Сафин!

Рускиот тенисер Даниил Медведев е хит на УС Опен. Дивееше, влезе во конфликт со публиката, се мајтапеше на нивна сметка, кршеше рекети, но и покрај тоа ќе игра во полуфиналето.

Медведев на прес-конференцијата зборуваше за себеси и истакна дека во минатото многу го гледал Марат Сафин и дека сонува тој да го направи истото што некогашниот тенисер го направил за Русија.

„Како дете го гледав Сафин на ТВ. Имав пет или шест години. Го освои Австралијан Опен и го победи Хјуит. Цела Русија го гледаше тој пренос, затоа што играше со Австралиец на негов терен. Можеби ме споредувате со него затоа што го фрлам и кршам рекетот. Да, го гледав него и мислам дека тоа е во ред. Затоа што во минатото велев „ќе го скршам рекетот, ќе бидам како Сафин“. Она што го направи тој за рускиот тенис е фантастично“, изјави младиот тенисер.

Во полуфиналето Медведев ќе игра со бугарскиот тенисер Грегор Димитров.