Медведев сигурен со Кецмановиќ, закажа финале против Нори во Мексико

Првиот светски рекет, Данил Медведев, ќе игра во финалето на АТП турнирот во Лос Кабос, Мексико. Русинот ја оправда фаворитската улога и со 2-0 го победи Миомир Кецмановиќ. Српскиот ас парираше само еден сет, пред лесно да капитулира против поквалитетниот ривал. 

Стартот беше сигурен, Медведев прв загуби гем на свој сервис кој потоа го надополни. Сепак, до крајот на првиот сет намаше нови брејкови и се играше тај-брејк кој рускиот тенисер го доби без загубен поен. Доминацијата продолжи и во вториот сет, па Медведев со два брејка и 6-1 си обезбеди финале. 

Во мечот за трофејот предизвикувач на Русинот ќе му биде Камерон Нори кој го доби дуелот со Феликс Оже-Алијасим со 2-1. По два часа и 20 минути, Нори со 6-4, 3-6 и 6-3 ја обезбеди победата. 

Финалето во Лос Кабос се игра ноќва со старт во 04:00 часот, а Медведев важи за апсолутен фаворит.