Медведев рутински го совлада Мареј и го освои АТП турнирот во Доха

Рускиот тенисер Данил Медведев го освои АТП турнирот во Доха. Во големото финале тој беше поуспешен од Енди Мареј во два сета – 6-4, 6-4 за 107 минути игра.

Медведев со брејк го отвори натпреварот, а набрзо се избори за уште еден за водство од 4-1. Сепак, искусниот Шкот успеа да возврати со ри-брејк, веднаш потоа имаше брејк топка за да го врати вториот брејк, но не успеа, по што Медведев сигурно го приведе првиот сет кон крајот.

Медведев и вториот сет го отвори со брејк. Мареј се врати во сетот во шестиот гем, но Русинот не дозволи нов маратонски меч на шкотскиот ас и со нов брејк во деветтиот гем се избори за голема победа.

Ова е втора титула за Медедев за две недели, а седумнаесетта во кариерата.