Медведев преку Хуркач дојде до полуфинале во Торонто

Данил Медведев го продолжи патот кон трофејот на АТП турнирот oд Мастерс серијата во Торонто, откако се пласираше во полуфиналето со триумф против Хуберт Хуркач од 2-1. Полјакот поведе, но немаше сили за изненадување против вториот светски рекет. 

Првиот сет започна изедначено и се играше сигурно, но Медведев ги загуби последните два гема на свој сервис, па Хуркач дојде до 6-2 и предност во натпреварот. Во продолжението, тенисерите беа сигурни, ниту еден не успеа да дојде до брејк и по 6-6 мораше да се игра тај-брејк. Медведев успеа да победи со 8-6 и да израмни на 1-1. 

Ниту во третиот и последен сет, ривалите не си дозволија грешки на свој сервис и пак мораше да се игра доигрување. Со еден одземен поен на противнички сервис, Медведев дојде до предност која ја искористи по три меч топки, со 7-5 го комплетираше пресвртот. 

Ривал на Медведев во полуфиналето ќе биде ветеранот Џон Иснер кој го исфрли Гаел Монфилс со 2-0 (7-6, 6-4).