Медведев откри интересна анегдота: Ѓоковиќ беше Бог за мене, тоа го докажа...

Данил Медведев од понеделник нема да биде втор рекет во светот, бидејќи во финалето на Австралија опен, мораше да му оддаде почит на кралот на Мелбурн, Новак Ѓоковиќ. Рускиот тенисер немаше сили за изненадување во финалето и заслужено загуби со 3-0 во сетови од најуспешниот тенисер на овој Грен слем.

По поразот Медведев вели дека никогаш не е лесно да се зборува по пораз во едно финале, но спортски му честита на Ноле за извојуваната победа.

„Никогаш не е лесно да се зборува кога ќе загубите едно финалето на Грен Слем. Честитки за Новак и неговиот тим - деветти трофеј овде, вкупно 18-ти на најголемите турнири и секако не последен. Јас навистина немам зборови.

Ќе кажам само една анегдота од минатото. Кога првпат играв со Ѓоковиќ, јас бев 500-ти или 600-ти на АТП-листата, а тој во тоа време веќе беше прв. Си реков дека нема да му пријдам за да разговарам, бидејќи тој е Бог за мене, но тој го направи тоа и на пријателски начин разговараше со мене. Тој тоа не го сменил ниту денес“, рече Русинот. 

Со оваа победа Ѓоковиќ стигна до својот 18. Грен слем трофеј и сега е на само два до големите ривали Надал и Федерер кои имаат по 20 трофеи од големите турнири.