Медведев ограбен за време на финалето во Торино

Вториот светски рекет, Данил Медведев загуби во финалето на завршниот Мастерс, но тоа не беше единствената непријатност во неделната вечер во Торино. 

Покрај загубениот меч од Александар Зверев, за време на финалето Русинот бил ограбен. Нему од соблекувалната му бил украден часовник кој е вреден 200.000 евра.

Медведев веднаш го пријавил случајот во полицијата, а вечерта бил пронајден часовникот. Еден од менаџерите на турнирот го пронашол предметот и му го вратил на Медведев, но истрагата продолжила и потоа.

Сепак, случајот е незгоден, бидејќи менаџерот нагласил дека часовникот бил предаден преку неколку луѓе, пред да се врати на сопственикот.