• Сашо Поповски

Роџер Федерер започна да ја плаќа неактивноста и падна за едно место на АТП листата. Тоа официјално ќе се случи в понеделник, а главен виновник за тоа е Русинот Данил Медведев.
24-годишникот го елиминира Диего Шварцман (6-3, 6-1) и се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз. Со оваа победа си обезбеди место меѓу најдобрите четири тенисери на светот, зад Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Доминик Тием.
Последен пат швајцарскиот ас падна надвор од Топ 4 во март 2019 година. Се очекува негов кам-бек во јануари наредната година, кога одново ќе конкурира за АТП бодови и трофеи.
Раониќ или Умбер ќе играат против рускиот тенисер за пласман во големото финале во француската престолнина.