Медведев: Ние Русите сме научени да одговориме кога некој нè напаѓа

Рускиот тенисер Данил Медведев зад себе остава одлична година на тениски план. Оствари многу успеси, а вели дека бил мотивиран од нападите од страна на навивачите и новинарите, кои го нарекувале арогантен и „лошо момче“.

„На не многу играчи им успеало да го направат она што јас го направив за само три месеци. Горд сум на тоа, успехот се должи на напорна работа. На УС Опен не ги славев победите, иако играв против најдобрите. Решив да правам нешто ново. Не ми е жал за ништо, не ми се допаѓа што ме нарекуваат „лошо момче“. Ама, ако продолжат, не можам ништо да направам освен да враќам со успеси. Ние Русите сме научени да одговориме кога некој нè напаѓа“, изјави Медведев.

Данил Медведев ја заврши годината на петтото место на АТП-листата, а интересно е да се напомене дека тој играше шест последователни финалиња на турнири, од кои освои три титули.