Медведев нема да игра во Монте Карло порази позитивен корона-тест

Данил

Данил Медведев нема да се појави на терените во Монте Карло, откако доби позитивен тест на Ковид-19.

Вториот светски рекет неодамна тренираше со Рафаел Надал, па сега организаторите ги проверуваат сите оние кои биле во некаков контакт со него.

Сите кои имале контакт со Русинот ќе направат дополнителен тест, за да добијат шанса да се појават на Мастерс турнирот.

Временските услови направија проблеми на првиот ден во Монте Карло, па некои натпревари беа одложени за денес.