Медведев не му даде шанса на Раониќ и ќе игра финале во Париз

Медведев Данил

Данил Медведев продолжи да игра одлично на Мастерс турнирот во Париз и се пласира во големото финале.

Рускиот тенисер во полуфиналната фаза беше подобар од Милош Раониќ од Канада со 2-0 во сетови (6-4, 7-6/4).  Противникот, на од понеделник четвртиот тенисер на светот, не искористи голем број брејк шанси, па очекувано загуби на убедлив начин. 24-годишникот од Москва ќе го игра првиот меч за титула во 2020 година.

Медведев во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Александер Зверев.