Медведев: Можам да кажам дека сум најдобар на светот, но...

Вториот светски рекет, Данил Медведев не го искористи фактот дека Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето и загуби од Александар Зверев во битката за трофејот на финалниот АТП турнир во Торино. 

По него, тој разговараше со медиумите и го изнесе своето мислење по финалниот пораз.

„Секогаш се обидувам да играм поинаку. Почувствував дека нешто денес беше поинаку. Јас се обидов да променам нешто, но не можев да му парирам на Зверев. Овојпат тој ме победи, следен пат ќе се обидам да бидам подобар. 

Тешко е кога се зборува за себе. Можам да кажам дека сум најдобар, дека луѓето доаѓаат да ме гледаат мене, но не сум таков. Тенисот не е променет премногу, сега никој не освоил Грен слем трофеи како Новак, Рафа и Роџер. Луѓе ќе кажат дека тенисот повеќе не е интересен. Ако гледаме така би можеле да кажеме дека сите сме полоши од нив. Јас зборувам само за себе и знам дека ќе дадам сè од себе да освојам уште многу титули“, изјави Медведев. 

Медведев оваа сезона го освои УС Опен, спречувајќи го Новак да дојде до „златниот слем“ со сите четири трофеи на големите турнири. До крајот на сезоната Русинот ќе настапи уште на Дејвис Купот.