• Иван Димовски

Данил Медведев виде многу мака на патот кон второто коло на Австралија Опен, откако на стартот во пет сета го победи анонимусот од Тајланд. Русинот со 3-2 и пресврт го доби Касидит Самреј по три часа и осум минути.
Добро тргна Медведев, го доби првиот сет со 6-2, а потоа младиот Самреј се крена и израмни (6-4). Во третиот сет тенисерот од Тајланд одново беше подобар и стигна до 6-3 за предност од 2-1, а непосредно пред крајот Медведев имаше своја „епизода“. По еден загубен поен рускиот ас почна да удира со рекетот во мрежата и камерата на неа.
Тоа како да му даде сила на Медведев, бидејќи во продолжението го крена темпото и со 6-1 и 6-2 го заврши мечот во своја корист.
Тејлор Фриц без поголеми потешкотии се справи со сонародникот Џенсон Бруксби совладувајќи го со 3-0 за час и 49 минути. Четвртиот носител на турнирот го доби мечот со 6-2, 6-0 и 6-3.
Холгер Руне го доби дуелот со Жижен Жанг исто така по пет сета (3-2). Поведе кинескиот тенисер со 6-4, а потоа Данецот направи пресврт со 6-3 и 6-4. Врати и Жанг, го доби четвртиот сет со 6-3, меѓутоа немаше сили во решавачкиот сет и со 6-4 го доби мечот.
На останатите терени победи забележаа Хуркач над Гриекспор (3-0), Монфилс над Перикар (3-2), Черундоло против Бублик (3-0), Гарин со Чориќ (3-0), Хачанов го исфрли Манарино (3-0), Беретини беше подобар од Нори (3-1)...