ВИДЕО: Медведев лесно го мина Шевченко за осминафинале во Дубаи

Русинот Данил Медведев славеше победа во шеснаесетфиналето на АТП турнирот во Дубаи, каде го совлада Александер Шевченко (кој од неодамна реши да настапува за Казахстан) со резултат 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.

Четвртиот светски рекет до победата стигна за само 89 минути активна игра и комплетно ја оправда фаворитската улога во пресрет на мечот. Шевченко се обиде да парира, но немаше сили да дојде до никакво изненадување против мотивираниот Медведев. 

Во осминафиналето рускиот тенисер ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Сумит Нагал и Лоренцо Сонего, а претходно пласман во следната фаза обезбедија уште Јири Лехечка, Кристофер О'Конел и Уго Умбер, кој ќе се соочи со Британецот Енди Мареј.