Медведев: Коронавирусот ќе исчезне за една недела, па затоа се одложи Ролан Гарос?

Медведев

Данил Медведев не е фан на одлуката на организаторите на Ролан Гарос да го одложат турнирот за една недела.

Според Русинот тоа ќе влијае на резултатите на играчите кои ќе сакаат да постигнат голем успех на сезоната на трева. Пласманот во завршницата во Париз ќе значи помал период за подготовка на тенисерите пред Вимблдон.

„Изненаден бев од одлуката. Што ќе промени една недела, толку треба за вирусот да исчезне во Париз? Зборуваме за коронавирусот, тоа е смешно според мене.

Одложувањето ќе влијае на сезоната на трева. Пламснот во четвртфиналето во Париз ќе значи помал период за подготовка за Вимблдон“, смета рускиот ас.

Резултатите на Ролан Гарос за Медведев не ветуваат дека и оваа сезона ќе се бори за титулата. Поради тоа тој е загрижен за сезоната на трева, каде значително се зголмуваат неговите шанси за голем успех.