Медведев: Кога ќе завршам со тенисот, би сакал професионално да играм шах

Најдобриот руски тенисер и еден од оние кои треба да ја наследат големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер), Русинот Данил Медведев, за руските медиуми откри што би работел по завршувањето на прифесионалната кариера.

Медведев отвори многу отворени опции, но истакна и дека би сакал да се проба како професионален шахист.  

„Во овој момент не студирам и не размислувам за многу други нешта освен за мојата професионална шаховска кариера. Но, откако ќе ја завршам играчката кариера, сакам да студирам економија и да навлезам детално во оваа проблематика,

Не ја исклучувам можноста да работам како тениски тренер, но исто така сакал и професионално да играм шах“, истакна 26-годишниот Русин.

Медведев зад себе ја освои најуспешната година во кариерата, освои неколку Мастерс-турнири, играше во финалето на УС Опен, а во една календарска година почувствува како е и неколку пати да го совлада светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.