Медведев ќе го предизвика Надал во финалето во Монтреал

Медведев Надал

Шпанецот Рафаел Надал успеа да стигне до финалето на Роџерс Купот во Монтреал втора година во низа.

Минатата сезона го освои трофејот и сега ќе има можност истиот да го одбрани против Русинот Данил Медведев. Во полуфиналето, Гаел Монфилс не излезе на терен и без борба му го предаде мечот на првиот носител на турнирот.

Медведев, пак, го доби директниот дуел со сонародникот Карен Хачанов (6-1, 7-6/6). 23-годишникот игра во одлична форма и нема загубено ниту еден сет на турнирот во Канада.

Во вечерашното финале пред себе ќе има голем предизвик, во кое ќе мора да се надмине себеси за да го победи големиот шампион од Мајорка.