Медведев го збриша Зверев и закажа финале со Ѓоковиќ во Париз

Рускиот тениски ас Данил Медведев со моќна партија, далеку полесно од очекуваното го збриша Александар Зверев во полуфиналето на АТП турнирот во Париз. Вториот светски рекет двапати со по 6-2, за само час и 20 минути го декласира ривалот во полуфиналето.

Силно мотивираниот Медведев тргна сигурно, за со два брејка во петтиот и седмиот гем да го добие првиот сет со 6-2 користејќи ја првата сет-топка. Слична беше ситуацијата и во продолжението. Медведев не му остави простор на Зверев да се надигрува со него, па со нови два одземени гемови на противнички сервис дојде до победата. 

Со оваа победа Медведев закажа финале против Новак Ѓоковиќ кој претходно денес го победи Хуркач. Иако Русинот е во налет и со сигурност ќе пружи одлична партија против Ноле, сепак со пласманот во финалето на српскиот ас, се стави крај на прашањето околу првото место на АТП ранкингот. Поради тоа, Медведев ќе мора да се претстави во одлична форма на Австралија Опен, на првиот голем турнир во новата година.

Инаку, финалето меѓу Ѓоковиќ и Медведев ќе се одигра утре со почеток од 15:00 часот.