ВИДЕО: Медведев го спомна името на Ѓоковиќ, па доби громогласни свирежи

Данил

Данил Медведев по меч со пет сета обезбеди полуфинале на Австралија опен. Неговиот ривал Феликс Оже-Алијасим имаше 2-0 во сетови, но дозволи пресврт и го заврши настапот во Мелбурн.

По мечот, Русинот доби неочекувана реакција од трбините, кога го спомна името на Новак Ѓоковиќ. Тој кажа дека помислил на српскиот тенисер во моментите кога се борел за да се врати во дуелот.

„Ако зборуваме за меч-топките, успеав добро да сервирам во тие моменти. Феликс одигра неверојатно. За момент помислив: „Што би направил Новак? И тогаш, си реков дека ќе го натерам противникот да работи постојано“ , рече Медведев.

Австралиската публика негодуваше на зборовите на рускиот ас, а потоа го поздрави кога ги спомна Роџер Федерер и Рафаел Надал.