• Саше Љолес
Рускиот тенисер Данил Медведев мина во следната фаза од АТП турнирот во Рим, откако славеше триумф над Британецот Камерон Нори со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.
Медведев ја покажа својата сила, а особено беше доминантен во вториот сет и ја заврши работата за еден час и 33 минути активна игра. Следен противник на Русинот ќе му биде Австралиецот Алексеј Попирин.
Учество во следното коло обезбедија уште Роберто Мусети, Стефанос Циципас, Ласло Ѓере и Корентин Муте.