Медведев го надигра Гофин и го освои својот прв Мастерс во кариерата

Младиот руски тенисер Данил Медведев е победник на Мастерсот во Синсинати, со што за првпат освои еден турнир од АТП Мастерс 1.000 во својата кариера. Полесно од вчерашното полуфинале против Новак Ѓоковиќ, Русинот денес излезе на крај со Белгиецот Даниел Гофин, победувајќи го со 7-6, 6-4.

Првиот сет мина без одземање на сервисот, па во 13-тата игра Медведев имаше повеќе ментална силна и со 7-3 го доби тај-брејкот. Во вториот сет помладиот Медведев веднаш го одзеде сервисот на Гофин, ги издржа налетите на ривалот за брејк во десеттиот гем и првата меч топка ја претвори во победа и Мастерс-титула.

Ова е петта титула во кариерата за Медведев, прва од Мастерс-серијата. Утре се очекува нов скок на АТП листата и Медведев е на добар пат да избори пласман на завршниот Мастерс Куп во Лондон.