• Горан Упале

Рускиот тенисер Данил Медведев го коментираше отсуството на Јаник Синер од АТП турнејата. Синер е суспендиран до почетокот на мај поради допинг скандал, а Медведев зборуваше на оваа тема во Индијан Велс.
„Зависи, тоа што го нема Синер дефинитивно е добро за сите, во смисла на разултатите, буквално за сите, не само за мене. Но, со моите резултати во последно време, некако не се грижев за Синер, бидејќи на минатите турнири немаше ниту да се соочам со него“, рече Медведев.
Карлос Алкараз ја подигна својата форма и игра навистина добро во Калифорнија.
„Ми се допаѓа она што го кажа Алкараз, дека најважно е да се погледнеш себе си, да се обидеш да дадеш сè од себе за да победиш“, додаде Русинот.
Медведев во четвртфиналето од Индијан Велс ќе се соочи со Артур Фис.