Медведев без загубен сет патува во полуфиналето против Надал

Медведев

Данил Медведев остана перфектен и по третиот меч во Лондон. Вечерва Русинот го доби дуело со Диего Шварцман (6-3, 6-3) и во одлична форма патува во полуфиналната фаза на завршниот турнир.

Рускиот тенисер остана непоразен и не само тоа, не загуби сет ниту на последниот меч од групната фаза. 

Медведев победи рутински, со лесна игра во двата сета. Неговиот противник немаше одговор на одличната игра од основната линија. Мечот не донесе никаква неизвесност, а четвртиот носител на турнирот покажа голема разлика во квалитет на теренот

Во полуфиналето тенисерот од Москва ќе се надигрува со Рафаел Надал, а вториот пар го сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием.