Медисон Кис спаси меч-топка, ја совлада Швјонтек и закажа финале со Сабаленка

Американката Медисон Кис по голема борба успеа да ја совлада Полјачката Ига Швјонтек во полуфиналето на Австралија Опен и славеше со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 7-6/8. 

За Кис ова е историски резултат до кој дојде по подобра игра во тај-брејкот во третиот сет, а мечот траеше 157 минути. 

Двете тенисерки добија во своја полза по еден сет, а Кис беше особено доминантна во вториот, кој успеа да го заокружи со конечни 6-1.

Швјонтек пружи силен отпор во тај-брејкот, имаше и меч-топка, но Американката успеа да освои три поени во низа и го осигура пласманот во финалето, каде ќе се соочи со првата светска тенисерка, Арина Сабаленка