Марија Шарапова се најде на рускиот список за ЛОИ во Рио

Рускиот олимписки комитет во списокот за пријавени спортисти за игрите во Рио се реши да го вметне и името на Марија Шарапова, која во моментот е суспендирана поради допинг.

Покрај Шарапова на тениската листа се наоѓаат и имињата на Светлана Кузњецова, Анастасија Павличенкова и Дарија Касаткина. 29-годишната Шарапова на претходните игри во Лондон го освои бронзениот медал.

„Ја ставивме Шарапова на списокот, бидејќи мораме да го објавиме до 6 јуни“, изјави кратко претседателот на тенискиот сојуз, Шамил Тарпишчев.

Петкратната шампионка на Грен слем турнирите падна на допинг контрола, која ѝ беше извршена за време на Австралија Опен, по што заработи суспензија од светската анти-допинг агенција (ВАДА). Доколку суспензијата за Шарапова не биде симната пред почетокот на ЛОИ во Рио, нејзиното место ќе и припадне на Екатерина Шарапова.