Мареј за „Големата четворка“: Три легенди и еден кловн!

На претстојниот Лејвер Куп, една од најголемите легенди на светскиот тенис Роџер Федерер заминува во пензија, а во лондонската „О2 Арена“ го очекува фантастичен настап. За пензионирањето на големиот Швајцарец ќе сведочат тројца од најдобрите играчи од неговата ера - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј.

Најмалку успешен меѓу четворицата асови секако е Шкотланѓанецот, кој освои три Грен слема и секогаш покажуваше голема почит кон Роџер, Рафа и Новак. Како и многу пати досега, не му беше проблем да се пошегува на своја сметка.

„Голема тројка и еден кловн. Ваквите тренинзи не се гледаат често. Апсолутна привилегија е да се дели теренот со овие тројца момци за последен пат“, напиша 35-годишниот Енди Мареј во описот на својата фотографија со тројцате најуспешните тенисери во 21 век.

Тенисерот од Глазгов одигра дури единаесет Грен слем финалиња, три пати загуби од Федерер во борбата за трофејот, а пет пати од Ѓоковиќ.