Мареј во прво финале по 2019 година, против Карацев за титула во Сиднеј

Британскиот тенисер Енди Мареј и рускиот ас Аслан Карацев се финалистите на турнриот кој се одржува во Сиднеј, Австралија.

Енди Мареј во полуфиналето одигра одлично и го исфрли серверот Реили Опелка, совладувајќи го со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 6-4). Аслан Карацев, пак, се соочи со Даниел Еванс и исто така славеше со 2-1 во сетови (6-3, 6-7, 6-3).

И на двајцата натпреварите им траеја по скоро три часа. Финалето на програмата е на 15 јануари од 9:00 часот. Карацев е прв носител на турнирот, додека за Мареј ова е прво финале по 2019 година.