Мареј се врати со пораз, експресна елиминација во Синсинати за Марин Чилиќ

Поранешниот светски рекет број еден, Британецот Енди Мареј се врати на тениските терени во сингл, но експресно загуби во првото коло на Мастерсот во Синсинати од Французинот Ришар Гаске со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Maреј физички не можеше да му парира на ветеранот од Франција, па и покрај поддршката од трибините со два одземени сервиси го загуби мечот за нешто повеќе од еден час игра.

Изненадување е прераната елиминација на Марин Чилиќ, кој загуби од молдавскиот тенисер Раду Албот со 6-3, 7-6/6. Пласман во второто коло обезбедија и Квери, Пела, Шруф...

Утре дебитира светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ со дуел против Сем Квери, а највозбудлив треба да биде дуелот меѓу Вавринка и Димитров.