Мареј се враќа во сингл конкуренција во Синсинати

Енди Мареј

Британецот Енди Мареј конечно ќе заигра во сингл конкуренција. По неколку настапи во двојки, големиот шампион е подготвен да се врати на терените и ќе биде дел од Мастерсот во Синсинати.

Ждрепката одреди прв противник да му биде францускиот тенисер Ришар Гаске.

Најважно е тоа што не чувствува болка по операцијата на колкот пред седум месеци. Последен пат 32-годишникот од Глазгов настапи во сингл на Австралија опен кога во пет сета беше елиминиран од Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

Тогаш со солзи во очите најави збогум од белиот спорт, но уште во оваа сезона ќе се врати во конкуренција на американската турнеја.

На турнирот ќе настапи покрај големите ѕвезди на тенисот Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.