ФОТО: Мареј се пофали со новиот колк, тенискиот свет верува во негов кам-бек

Енди Мареј операција

Како што најави по елиминацијата на Австралија опен, Енди Мареј изврши операција на колкот и сега ќе се обиде да направи чудо за да се врати на тениските терени.

Емотивниот Британец во Мелбурн заработи пораз во првото коло од Роберто Баутиста-Агут, а по мечот најави дека размислува за пензија. По консултациите со својот тим, 31-годишниот тенисер од Глазгов одлучи да направи оперативен зафат со кој се надева ќе ги реши проблемите со својот колк.

Оваа операција е слична на онаа која што ја направи Боб Брајан, специјалистот во двојки, кој се врати во натпреварувачки ритам во август минатата година на 40-годишна возраст.

Мареј во својата кариера има три Грен слем турнири, два на Вимблдон и еден на УС Опен, а исто така има две злата од Олимписките игри и една победа на завршниот турнир во Лондон.