ВИДЕО: Мареј се откажа, Еванс победник на „Битката за Британија“

Ден Еванс е победник на тенискиот егзибиционен турнир „Битката за Британија“. На турнирот кој се одржа во Лондон, британски тенисер број еден го победи Кајл Едмунд со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).

  • Најинтересните моменти од финалето на „Битката за Британија“:

На Националниот тениски центар во Лондон настапија најдобрите британски тенисери, но во последен момент откажа Енди Мареј. Камерон Нори со 6-3, 7-5 го победи Џејмс Ворд, кој беше замена за Енди Мареј, кој се повлече поради повреда, откако го загуби полуфиналниот меч токму од Еванс.