Мареј: Рекордот на Надал ќе остане засекогаш, нема кој да го сруши

Енди Мареј веќе подолго време е далеку од тенискиот врв, но каде и да гостува секогаш добива прашања поврзани со „големата тројка“ (Федерер, Ѓоковиќ и Надал). 

Шкотланѓанецот овој пат се осврна на еден рекорд на Рафаел Надал, за кого смета дека никогаш нема да биде соборен. Во прашање е бројот на титули на Шпанецот на Ролан Гарос. Досега освои тринаесет, а последниот пред еден месец кога го демолира Новак Ѓоковиќ.

„Според мене, рекордот на Рафаел Надал на Ролан Гарос ќе остане засекогаш. Знам колку е тешко да се освои трофеј во Париз и не можам да замислам дека некој во иднина ќе биде доминантен како него. Неверојатно е, особено кога ќе видите колку лесно го стори тоа“, рече Мареј.

Надал со последниот трофеј на Ролан Гарос стигна до бројката од 20 Грен слем успеси, со што се израмни со легендарниот Роџер Федерер.