Мареј прогнозира кои се главни фаворити за трофејот во Вимблдон

Мареј

Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит на терените на Вимблдон, а Енди Мареј смета дека повторно најдоброто тениско трио нема да има конкуренција во машка конкуренција.

Британецот е единствениот тенисер кој им се спротиставил на Надал, Федерер и Ѓоковиќ во последните 17 години.

„Мислам дека победникот ќе биде еден од нив тројца. Можеби некои сервери ќе направат своја серија добри резултати, но мислам дека на крајот ќе пресуди искуството“ , вели 32-годишникот од Глазгов.

Двократниот шампион на Грен слем турнирот во Лондон оваа година ќе ги пропушти натпреварите поради заздравување од тешката повреда на колкот. 

Мареј ја израдува англиската јавност со трофејот во 2013 година, а успехот го повтори три години подоцна.