• Саше Љолес
Британскиот тенисер Енди Мареј дожива една несекојдневна ситуација на натпреварот со Денис Шаповалов, кој се играше на АТП турнирот во Дубаи.
Бизарниот момент се случи во вториот сет, кога Мареј побара три последователни „челенџи“, а уште поинтересно е што трите пати беше во право и ги освојуваше поените. Сето ова дојде во првиот гем од вториот сет, а публиката во овие моменти навистина се забавуваше и со смеа ја проследи целата ситуација.
Eagle-eyed @andy_murray
Murray wins 3 correct challenges in 3 points #DDFTennis pic.twitter.com/ghA8sKP8Sj
— Tennis TV (@TennisTV) February 26, 2024
Поранешниот прв светски рекет на крајот со пресврт го доби мечот со Шаповалов и обезбеди осминафинале во Дубаи, а таму ќе го пречека Французинот Уго Умбер.