Мареј нема да игра за Велика Британија на Дејвис Купот

Некогашниот светски рекет број еден и освојувач на Грен слем титули и олимписко злато,Енди Мареј најави дека нема да учествува на Дејвис Kупот во ноември.

„Дадов многу за Дејвис Купот на мојата земја. Последен пат играв за Велика Британија на крајот на 2019 година. Мислам дека не заслужувам да играм за овој тим. Нори и Еванс имаа одлична година, а и Броди е меѓу првите сто на АТП листата. 

Во моментов немам намера да играм во Дејвис Купот. До крајот на годината ќе треба да се одморам и да го оставам телото да дише“, изјави Мареј.

Шкотскиот ас загуби ид Зверев во второто коло н а Мастерсот во Индијан Велс, иако демонстрираше силен отпор во двата сета.