„Мареј не може да го учи Ноле како да удира, поради друга причина е негов тренер“

Поранешниот француски тенисер Жулиен Бенето го коментираше назначувањето на Енди Мареј за нов тренер на Новак Ѓоковиќ. Многумина беа изненадени од одлуката на Ѓоковиќ, а истата ја коментираше тренерот на француската женска репрезентација и поранешен тенисер Жулиен Бенето.

„Ако си бил голем играч, тоа не значи дека ќе бидеш добар тренер и дека успехот е загарантиран. Енди Мареј ќе биде тренер, а не учител. Тој не мора да му објаснува на Ѓоковиќ како да удира со форхенд или бекхенд.

Мотивацијата на Ѓоковиќ е 25. Грен слем титула и сака да стане единствениот тенисер кому тоа му успеало. Ако го направи тоа со Мареј во тимот, тоа ќе биде сигнал за Алкараз и Синер, знак дека може да ги победи во пет сета. Не смееме да го заборавиме Зверев, кој брилијантно ја заврши сезоната, поради тоа што го повика Мареј“, изјави Бенето.

Ѓоковиќ веќе се подготвува за новата сезона, но сè уште нема откриено на кој турнир прво ќе настапи.